Skip to main content

Изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ со делата на 4 современи македонски уметници отворена во Братислава

Во Národné osvetové centrum во Братислава , официјално беше отворена изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ на која беа претставени делата на 4 современи македонски уметници-Лазе Трипков, Ана Митевска, Ангел Коруновски и Александра Костадиновска, куратор Др. Кирил Пенушлиски, а во организација на Јасминка Намичева од Архифакт-Скопје. Изложбата беше подржана од Министерството за култура и туризам на РСМакедонија и Амбасадата на РСМакедонија во Братислава. Низ различни медиуми — сликарство, фотографија и современи визуелни интерпретации уметниците ја истражуваа релацијата помеѓу историската меморија и современиот уметнички израз, помеѓу трагот на словото и симболиката на светлината како духовна и визуелна категорија со што се воспостави современ визуелен дијалог со духовното и културното наследство на Св. Кирил и Методиј, глаголицата и словенската писменост. Изложбата претставува обид за современо читање на културното наследство — не како статичен историски артефакт, туку како жива визуелна и духовна структура што продолжува да комуницира со современиот контекст.

Во присуство на голем број амбасадори ,министри, претставници на ДИП корот, уметници и јавни личности на отворањето на изложбата на задоволство на сите, се обратија Н.Е. Амбасадор Евгенија Илиева и Др.Кирил Пенушлиски.

Поврзани вести