Skip to main content

Хрватскиот премиер го смета за разумно барањето на македонската влада за гаранции од ЕУ

Премиерот Пленковиќ во интервју за „360 степени“ говори меѓудругото и за пристапниот процес на Македонија во ЕУ, подготвеноста на Унијата да прифати нова членка или членки, идејата што ја промовира германскиот канцелар Мерц, состојбите во регионот

На прашањето за изјавите што доаѓаат од Брисел велат има договор од 2022 година и дека сега е на Владата во Скопје да испорача согласно тој договор. Од друга страна, Владата на господинот Мицкоски инсистира на гаранции, некаков тип на гаранции што би дошле од Советот на ЕУ или од Европскиот совет, дека ако се направат уставните измени, ако се внесат Бугарите, тоа ќе биде последната отстапка од идентитетско-историски карактер и дека нови вета во текот на пристапниот процес нема да има. Можно ли е да се добијат такви гаранции?, Пленковиќ вели:

Па, мислам дека тоа е разумна позиција на македонската влада ипремиерот Мицкоски, знаете, кога човек еднаш ќе се изгори, тогаш дува и на ладно, бидејќи и порано имаше ситуации кога се мислеше дека сè е решено кога ќе се исполнат одредени критериуми, а потоа одеднаш се создаваа нови и нови предизвици и нови предуслови за отворање преговори, така што разбирам дека актуелната влада на некој начин го наследи договорот од 2022 година, кога Франција претседаваше со Советот на ЕУ, што е решение каде Франција се обиде да биде конструктивна, меѓутоа тоа решение е објективно изискувачкоза сите политички актери во Македонија и не ме чуди ваквиот став, мислам дека е исправен и артикулиран, дека ако нешто се договори, тогаш за една година да нема нови пречки, па повторно да треба да се враќаме на големи законски измени или пак измени на Уставот, што е исклучително политички чувствително и на крајот непопуларно.

Поврзани вести