Skip to main content

Изложбата ,,Експериментален цреж” на ДЛУМ се отвора на 5 ноември во чешки Табор

Изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија ќе биде отворена во среда, на 5 ноември во 17 часот, во градот Табор, Република Чешка.

На изложбата ќе бидат претставени дела од македонски современи ликовни уметници, кои учествуваа на истоимената изложбата во 2023 и 2025 година.

Изложбата е дел од програмските активности на ДЛУМ, поддржана од Министерството за култура и туризам на Македонија.

Поврзани вести