Skip to main content

Изложба „Тајна“ на Мирјана Крстева Масети во Париз

Во просториите на Отвореното студио на светскиот центар на уметноста во Париз, во Site internadionale des art, утре, в среда, на 28 мај, свои дела ќе претстави позната македонска академска слика Мирјана Крстева Масети, во рамки на изложбата насловена „Тајна“.

Таа ќе ги изложи делата кои ги создаде за време на нејзиниот престој во Site internasionale des art, каде што е македонски репрезент на современото сликарство.

Во Siteto престојуваат повеќе од 350 уметници од целиот свет.

Македенија има свое ателје и секоја година испраќа по неколку свои уметници кои таму творат. Делата кои таму се создаваат потоа ќе бидат претставени пред колегите од целиот свет и пред публиката на голема изложба.

М-р Мирјана Крстева Масети е родена 1979 година во Скопје. Дипломирала на Академијата за ликовна уметност во Благоевград, Бугарија. Магистерски студии завршува на ФЛУ – Сликарство, во класата на проф. Благоја Маневски. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 2010 година. Досега имала триесетина самостојни изложби, а учествувала на околу 60 групни изложби. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и посебната награда од ОСТЕН, Светска галерија на цртеж, од Биеналето на наградени автори во Скопје. Живее и работи во Гевгелија и е основач на Мултимедија центарот во Гевгелија.

Поврзани вести