
НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, го издаде новото издание на „Стремеж“ – списание за литература, уметност и култура, втор засебен број за оваа 2025 година на изминување.
Птицата на копнежот и надежта го зеде во своето клунче семето од плодот кој се роди од корените на стремежот и созреа на гранките од дрвото на мудроста, па полета во потрага по новите духовни сфери каде ќе ја засади својата визија за естетска топлина и културна сонцевина – вели Александар Војнески, главен и одговорен уредник на Стремеж.
На своите страници „Стремеж“ година 71, број 2, за 2025, донесува поезија, проза, драма, препеви и преводи, критики и есеи, и дел посветен на ликовната уметност:
- Коста Бојчески – „Чудесен лек“ (драма, целосна верзија)
- Јанис Кесаридис – „Сотирис и Маријанти“ (расказ, превод од грчки јазик Марија Думба)
- Ѓоко Здравески – кратки раскази (избор)
- Георги Господинов – избор песни од збирката „Таму каде што не сум бил“ (препев Никола Маџиров)
- Бранислав Николов – песни (избор)
- Петар Чухов – „Безопасни игли“ (хаику, избор и препев – Владимир Мартиновски)
- Избор песни од пет грчки поети/поетеси (Јанис Рицос, Тасос Ливадитис, Марија Полидури, Торис Никифору, Катерина Гогу) – препев на македонски јазик на Сотирис Минас
- Марина Мијаковска – песни (избор)
- Сергеј Есенин – пет песни и пригодна белешка по повод 130 години од раѓањето и 100 години од смртта (препев од руски јазик и текст – Елена Карпузовска)
- Разговор на Иван Антоновски со Сотирис Минас
- Александра Огнаноска – „Кон творештвото на вечниот оптимист Билјана Црвенковска“
- Љупчо Михајлоски – Хармонично многугласие: Интермедијално патување низ географијата и емоциите (рецензија на книгата „Талкање низ емоции и држави“)
- Роберт Конески – „Христијанско-етичките аспекти на циклусот ‘Проложнижитија’ на БлажеКонески“
- Огист Роден – „Аманет“ (до уметниците) – превод Александар Еленин
Списанието за литература, култура и уметност „Стремеж“ се отпечати со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Македонски






