Skip to main content

Групна изложба во Галерија „КО-РА“ по повод Денот на Европа

Во Галерија „КО-РА“ на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје вечер ќе биде отворена групна изложбата „Нашата визија за Европа – одржлив развој, интеграции и дезинтеграции” во Скопје по повод Денот на Европа – 9 Мај.

Како што информираат од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин”-Скопје, оваа традиционална групна изложба обединува разнородни визии за интегрирање, во евроатлантските процеси во најразновидни сегменти, со иницијативи за заеднички проекти што непосредно ќе придонесат до напредок, прогрес, поквалитетно и похармонизирано опстојување на сите не само земји членки на ЕУ и земји кандидати, туку и на сите поединци кои живеат и творат на европскиот континент, па и пошироко во рамки на дневни процеси од глобален интерес и значење препознавајќи ги, почитувајќи ги и унапредувајќи ги хуманите вредности, заложби и потреби и на секоја единка одделно.

На изложбата со свои дела ќе учествуваат Љубе Алексовски, Андријана Андреева-Aни Соро, Катарина Анѓеливиќ, Сузана Арсова, Сашо Ацковски, Весна Радишиќ Ацковска, Билјана Билбилоска, Бојана Божиновски, Викторија Бранѓолица, Глигор Васков, Ивона Велковска, Гордана Винчиќ, Дана Даниела Голубовска,Зулејха Али Зубери, Валентина Илиевска, Маре Јованова, Слаѓана Кировска, Лидија Коцева, Билгаиб Кочиште Биге, Шќипе Мехмети, Јордан Мирковска, Меѓутоа Неби, Дијана Петкова, Игор Поп Трајков, Марија Роглева, Марија Светиева, Фросина Ставрева, Дита Старова Ќерими, Ерол Сулејмановски, Александар Ацо Таневски, Славица Танеска, Давор Тоциновски, архитектот Љубе Чаловски.

По повод свеченото отворање ќе настапи и хорот ХМД „Кочо Рацин”-Скопје под диригегентската палка на Ангела Рајчиноска.

Куратор на изложбата е дипломираниот историчар на уметноста Виолета Калиќ, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин”-Скопје.

Поврзани вести