Skip to main content

Германија преживеа на солунскиот фронт

 Фудбалерот од средниот ред на Германија, Флоријан Вирц, се осврна на нерешениот резултат 0:0 со Грција синоќа во Солун во четвртото коло од групната фаза на Лигата на нации.

Создадовме голем притисок, но сепак не го постигнавме тој гол. Штета. Генерално, можеме да бидеме задоволни од нашиот настап, имаше многу позитивни работи. Не смееме да заборавиме дека сме заедно само една недела. Навистина сакавме да победиме, но само затоа што тоа не се случи не значи дека сè е лошо, изјави Вирц за „RTL“.

Германија е трета во Група 2 од Лигата А со пет бода. Нивниот следен натпревар е на гости против Србија на 13 ноември

Поврзани вести