Skip to main content
L2NAh3CIdig

„Одмаздници: Крајна пресметка“ повторно е филм со најголема заработка во историјата

Video Screenshot

„Одмаздници: Крајна пресметка“ (Avengers: Endgame) повторно се најде на врвот откако со повторното прикажување во кината успеа да го надмине филмот „Аватар“.

Делото на „Дизни“ од 2019 година, со заработка од 2,925 милијарди долари на светско ниво, со над два милиони долари го надмина „Аватар“. Во режија на Џејмс Камерон, по пет кинопроекции, „Одмаздници: Крајна пресметка“ достигна вкупна заработка од 2,923 милијарди долари.

„Аватар“ речиси една деценија го држеше рекордот за филм со најголема заработка на сите времиња, сè додека „Одмаздници: Крајна пресметка“ не го зазема неговото место во 2019 година.Филмот остана на врвот сè до 2021 година, откако продолжението „Аватар: Патот на водата“ (Avatar: The Way of Water),  го презеде првото место за филм со најголема заработка. Пет години подоцна,„Одмаздници: Крајна пресметка“ повторно се врати на врвот.

„Аватар“,првично беше објавен од компанијата „20th Century Fox“,која во 2019 година се спои со „Дизни“. Благодарение на филмскиот каталог на „Fox“, денес компанијата е на врвот со седум од десет филмови со најголема заработка во историјата.