Skip to main content

ФОТОГАЛЕРИЈА: Вака изгледа досега пругата кон Бугарија, еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со дитекторот на ЈП МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски и претставници од изведувачот Ѓулермак извршија увид на градежните работи на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка.

Како што сподели вицепремиерот Николоски, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија, а изградбата напредува со засилена динамика. Проектот претставува инженерско достигнување, потенцираше Николоски додавајќи дека пругата е дел од стратешкиот НАТО Коридор 8, кој ја поврзува Македонија со Бугарија и Црното Море.

Поврзани вести