
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, ќе се сретнат в четврток во Софија.
Од бугарското МНР за БТА потврдиле дека шефовите на дипломатиите на двете земји ќе имаат можност да се сретнат на маргините на меѓународна министерска конференција за Коридорот 8 во Софија, чиј домаќин ќе биде министерката Велислава Петрова.

– Форумот – на кој ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Тимчо Муцунски – ќе овозможи одржување билатерална средба како дел од тековниот дијалог меѓу двете земји, велат од МНР на Бугарија.
Иницијативата за средба на министрите за надворешни работи на двете земи произлезе за време на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје. По нејзин совет, премиерот Христијан Мицкоски го замоли Муцунски да побара средба со Петрова, во обид за се поттикне процесот за решавање на проблемот околу бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија.

Македонски


