Skip to main content

Гаја од Капиштец е кучето кое беше најдобар „играч“ на македонската фудбалска репрезентација

Влета на натпреварот Македонија – Шкотска, на теренот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, мавтајќи со опашката и гордо трчајќи, без трошка страв. 

Од улично куче кое најмногу се движи во реонот Капиштец, а за кое се грижат неколку жители од населбата, Гаја стана куче кое од вчера е хит и во светските медиуми, како глобална спортска атракција, oбјави „Петс.мк.

Стара е околу 2 години, а годинава во февруари беше објавена за вдомување од страна на ЈП Лајка, откако била заловена на својата територија во Капиштец.

Извор: Pets.mk

Поврзани вести