Skip to main content

Meдведев намерно удри навивач со топче, веднаш е дисквалификуван

– Данил Медведев секако долго ќе го памети годинашново полуфинале со Новак Ѓоковиќ во Пекинг. Тој беше пред елиминација, на Ѓоковиќ му беа потребни три поени при водство од 1:0 во сетови и 5:3 во гемови.

По еден загубен поен, веќе завршен Медведев неконтролирано го удри топчето, кое заврши на трибините во главата на еден од навивачите. Реагираше судијата на стол Мохамед Лијани, а потоа и супервајзорот и Медведев заработи дисквалификација.

Дисквалификацијата значи дека нема да ги освои поените од овој турнир (200 поени) и парите за пласманот во полуфиналето (219.295 американски долари). 

Поврзани вести