
Амбасадорите на земјите членки на Франкофонијата денеска ја претставија културната програма и другите активности за одбележување на Франфонијата во текот месец март и на почетокот на април 2025 година.
За програмата на годинашното одбележување на Франкофонијата говореа амбасадорите на Франција, Кристоф Ле Риголер, на Швајцарија, Вероник Хулман, на Романија, Моника Аксинте и на Грција, Софија Филипиду.
Тие пред присутните новинари се осврнаа на универзалните вредностите на Франкофонијата, важечки не само за земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата, Македонија е полноправна членка на оваа Организација од 2006 година, туку и за сите земји кои го почитуваат францускиот јазик и јазичниот диверзитет, солидарноста, мирот, демократијата и човековите права како ултимативни општествени вредности.
Францускиот јазик не е само јазик на културата, туку и јазик на иднината на претприемништвото. Тоа е збир на вредности кон кои се стремиме, истакна меѓу другото, амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер.
Зошто секоја година во март ги славиме Франкофонијата и нејзините вредности? Зошто го правиме тоа заеднички? Франкофонијата е заеднички јазичен простор, со повеќе од 300 милиони говорници во светот, но и простор на вредности. Ова не е само лингвистичка заедница, туку и политичка организација, во која членуваат 93 држави, а Македонија е рамноправна членка од 2006. Овој месец е повод да истакнеме и една нова едукативна соработка, откако направивме план за возобновуање на интересот за изучување на францускиот јазик во основните школи. Сакаме да ги охрабриме учениците да го изберат францускиот јазик како втор странски јазик, рече Ле Риголер.
Oтворањето на Месецот на Франкофонијата во Скопје ќе се случи со Гала филмска вечер со проекција на филмот „Грофот од Монте-Кристо” (2024) во петок на 7 март во 19 часот. Програмата за март како месец на Франкофонијата е подготвена од Францускиот институт во Скопје во соработка со амбасадите на земји членки на Франкофонијата, со УКИМ и Филолошкиот факултет. Во соработка со Собранието на РСМ по трет пат ќе се одржи Младиот франкофонски парламент, а меѓу предвидените содржини е и Изложбата на француската колекција во МСУ.
Културната програма и другите активности за одбележување на Франфонијата кои што ќе се одвиваат во текот месец март и на почетокот на април 2025 година говореа амбасадорите на Франција Кристоф Ле Риголер, на Швајцарија Вероник Улман, на Романија Моника Аксинте и на Грција Софија Филипиду.
Швајцарската амбасадорка Вероник Улман посочи дека во нејзината држава францускиотт заедно со германскиот и италијанскиот јазик се трите официјални јазици кои ја симболизираат повеќејазичноста и културната разноликост и сите се третираат подеднакво. Таа најави дека во рамки на месецот на Франкофонијата тие ќе учествуваат во активностите со училиштата, а ќе биде прикажан и филмот „Куче на суд“ сатира за правата на животните, за домашните миленици.
Романската амбасадорка Моника Аксинте истакна дека Романија е шампион во однос на Франкофонијата .
Многу сме горди што сме франкофони, иако францускиот не е официјален јазик во Романија. За нас Франкофонијта е синонимен на јазичната разноликост, отвореност кон светот, кон јазичното и културно богатство. Романија е навистина шампион во однос на Франкофија во регионот на централна и источна Европа, кажа Аксинте и се осврна на институционалните активности во нејзината земја во однос на Франкофонијата
Амбасадорката на Грција Софија Филипиду истакна дека тие учествуваат во активностите на месецот на Франкофонијата со особен ентузијазам. Избрале три текстови за кои учениците ќе се оценуваат во извонредност во читање од три грчки автори, а ќе биде прикажан и француско – грчкиот филм „Ривиера“ кој на 21 март ќе ја отвори Неделата на франкофонскиот филм во Кинотеката.
На конференцијата присуствуваа и други претставниците на земјите членки на Франкофонијата: почесната конзулка на Белгија, почесната козулка на Канада, првиот секретар во Амбасадата на Бугарија и партнерите на Францускиот институт – Музејот на современата уметност во Скопје, Кинотека….