Skip to main content

Емилија Потевска -Попивода е новата директорка на Македонскиот културен центар во Тирана

Емилија Потевска Попивода е новата директорка на Македонскиот културен центар во Тирана.

Ми претставува чест и задоволство да ја прифатам функцијата Директор на Културно информативниот центар на Р. Македонија во Тирана.

Верувам дека ќе успеам да ја претставам и промовирам нашата богата културна традиција и современите уметнички достигнувања на највисоко ниво во Албанија.

Културата е мост кој не’ поврзува, а јас сум благодарна за можноста да бидам дел од ова важно претставување.

Вршителот на должноста македонски амбасадор Луфтим Спахиу денеска оствари средба со новоименуваната директорка на Културно-информативниот центар во Тирана, Емилија Потевска-Попивода. 

– Имавме срдечна средба со Потевска-Попивода, со која разговаравме, меѓу другото и за активности на КИЦ. Таа е прекрасна личност и голем уметник, од која очекуваме многу  настани. Од мое и од име на вработените и посакуваме успешна работа, изјави Спахиу.

Емилија Потевска – Попивода е македонска пијанистка и професорка, позната по својата меѓународна кариера и придонес во класичната музика. Има настапувано на светски сцени, вклучувајќи ја Виена, Њујорк, Рим и Ванкувер. Нејзиниот репертоар често вклучува дела од романтичниот период, како и современи македонски композитори, со што го промовира македонското музичко наследство.

Таа доаѓа на местото на Златко Ориѓански, кој на оваа функција беше од  5 јануари 2021 година и беше прв директор на КИЦ во албанскиот главен град.