Skip to main content

Две претстави „Аладин и волшебната ламба“ во продукција на КРЕО-АКСИС – здружение на граѓани за инклузивно и неформално образование Скопје денеска во НОБ

Проектот „Аладин и волшебната ламба“ во продукција на КРЕО-АКСИС – здружение на граѓани за инклузивно и неформално образование Скопје, е инспиративен пример за тоа како младите преку уметноста учат, создаваат и растат.

Во него учествуваат повеќе од педесет млади изведувачи од ансамблот „Бродвеј јуниор“, кои заедно со професионалци од областа на музиката, театарот, сценографијата и костимографијата создадоа сценско – музичко дело базирано на приказната за Аладин од збирката „Илјада и една ноќ“.

Мјузиклот се изведува во препев на македонски јазик. За двете претстави се преостанати уште мал број на билети.

Поврзани вести