Skip to main content

Битолски театар го реконструира патот до Ротинското езеро за премиера на театарска претстава

По повод премиерата на претставата  „Рибарски караници“ во режија на Јован Ристовски, која ќе биде изведена до Ротинското езеро, Битолскиот театар со поддршка од Општина Битола, започна со реконструкција на патот кој води до езерото, туристичка атракција на која за прв пат ќе се одигра театарска претстава.

Уште еден доказ дека театарот го менува светот.

Театарот не е професија, театарот е начин на живот. Голема благодарност до сите кои деноноќно работаат на логистиката на 25 јули да се случи спектакл, благодарност до Општина Битола – за довербата и безрезервната поддршка и до сите јавни претпријатија и приватни компании кои секојдневно помагаат во реализацијата на овој проект. Да живее театарот“, изјави директорот Васко Мавровски.

Во комедијата која е по текст на Карло Голдони, играат: Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска и Марија Стефановска.

Поврзани вести