Skip to main content

AICA Македонија ја инаугурира наградата „Борис Петковски“!

Со цел афирмација на современата уметничка критика и поддршка на автори кои придонесуваат за нејзиниот развој, AICA Македонија ја инаугурира националната награда „Борис Петковски“, посветена на истакнатиот историчар на уметност, критичар, теоретичар и професор Борис Петковски, чиј труд и визија имаат трајно значење за македонската уметност и критичка мисла. Петковски е и оснивач на македонската секција на AICA.

Наградата ќе се доделува на членови на AICA Македонија во три категории:

За континуиран придонес во областа на уметничката критика

За најдобар критички текст

За најдобар теоретски или истражувачки труд

Повикот е отворен од 20 октомври до 5 ноември 2025 година.

Сите предлози и пријави треба да се испратат на: aicamacedonia@gmail.com

Со ова признание, AICA Македонија воспоставува трајна традиција на валоризација и поддршка на уметничката критика во Македонија.

Поврзани вести