Skip to main content

Жена-пешак прегазена на патот Кичево-Гостивар

Вчера во 09.05 часот, на крстосницата меѓу локален пат кај кичевското село Зајас и магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена е сообраќајна незгода во која, патничко возило „ауди“ управувано од А.С.(28) од кичевското село Колибари, удрило во пешакот Р.А.(38) од Зајас.

Таа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Општата болница во Кичево каде се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи од ОВР Кичево.

Поврзани вести