Skip to main content

Во тек е полициска акција во Гостивар,  уапсени директорот и менаџментот во ЈП „Комуналец“ (видео)

Во тек е координирана акција на надлежните институции во врска со случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар, велат извори на Република. Како што дознаваме, по итна постапка приведени се три лица од ЈП „Комуналец“ – Гостивар, односно вршителот на должност директорот Аратана Асани, раководителот на Одделението за водовод, Вадедин Дервиши, и техничкиот директор Леон Нуредини.

Според истите информации, активностите се спроведуваат во координација со Основното јавно обвинителство, а предметот првично се води во насока на сомнение за кривичните дела „Загадување вода за пиење“ и „Тешки дела против животната средина и природата“ согласно Кривичниот законик.

Надлежните институции засега не објавуваат официјални детали за текот на акцијата, а се очекува во текот на денот да следува официјално соопштение со повеќе информации за преземените мерки и текот на денот. Според неофицијални информации на Република, извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од четирите испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колиформни бактерии, а во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор.

Поврзани вести