
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија како земја членка на РОАДПОЛ, од 04 до 10 август се приклучува во европската акција на мерење на брзината на движење на возилата која ќе се реализира низ цела Европа, информираат од МВР.
Акциски контроли ќе се спроведуваат на територијата на цела држава со цел да се откријат возачи кои го управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
Министерството за внатрешни работи продолжува интензивно со сообраќајните контроли.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. Да бидеме одговорни. Да ги почитуваме ограничувањата. Да спасиме животи, порачуваат од МВР.