Skip to main content

Тошковски: Одговорност ќе има од секој од кoрумпираните и секој еден кој има удел во трагедијата

Одговорност ќе има од секој од курумпираните и секој еден кој има удел во трагедијата, потенцира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на последната прес-конференција.

Се преземаат сите мерки за целосно расветлување на случајот, пренесе министерот.

Ќе ве замолам како одговорни новинари да не шпекулирате. Прашањето за лиценца во 2023-та година е шпекулација, осетлива е јавноста. станува збор за две лиценци од 2024-та, нелегални, невистинити лиценци, кои се добиени на коруптивен начин. Не можам во интерес на истрагата да ви кажам повеќе за нив. Полицијата реагира максимално колку што може да се реагира. Осомничени имаме 20-на, криминалот се таложел 30 години, мораме ова да се справиме – порача Тошковски.

Приведена е и поранешна функционерка од министерството за економија.

Во јавноста се шпекулира дека лиценцата е незаконски платена 7000 евра.

Мионистерот посочи дека има инсинуации и докази за такви дејствија и дека корупција имало, само што сега ќе има има и презиме!

Поврзани вести