
Велосипедист од Тетово се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на локалниот пат меѓу селата Нераште и Радуша.
Како што информираат од СВР Тетово, несреќата била пријавена околу 15:30 часот, кога патничко возило „Фолксваген Туран“ со тетовски регистарски ознаки удрило во велосипедистот А.М. (29) од Тетово.
По несреќата, возачот со своето возило го пренел повредениот во приватна амбуланта во Нераште, по што го напуштил местото. Подоцна, велосипедистот со друго возило бил префрлен во Клиничката болница во Тетово, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово. За време на увидот, на местото пристигнал Л.М. (39) од село Нераште со возилото „Фолксваген Туран“ и пријавил дека тој бил учесник во сообраќајната несреќа.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонски


