Skip to main content

Сопружници од Дебреше фатени со куќа полна дрога и оружје

Вчеравечер во 22 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Џ.З.(29) од гостиварско Дебреше.

Како што соопшти МВР, при претрес во домот и помошни простории во с.Дебреше, каде што живее со нејзиниот сопруг Д.Н.(29) од Дебреше, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, саксија со засадено стебло од канабис, кутија со семки од растението канабис, две дигитални ваги, една пушка, 144 парчиња муниција и пари.

Фото: МВР

Таа е задржана во полициска станица и се преземаат мерки за пронаоѓање на Д.Н., кој не бил присутен на претресот.

По целосно расчистување и документирање на случајот и ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Поврзани вести