Со автомобилот „Ауди“ кој пред два дена излета од патот Сарај-Рашче и заврши во реката Вардар управувала 23-годишната Н.А. , информираат од МВР. Во трагичната сообраќајна несреќа загинаа четири лица од семејството Арслани од селото Грчец. Преживеа само 5-годишно дете кое излетало од возилото при превртувањето и било најдено од случајни минувачи.
Во возилото кое беше извадено од водите на Вардар беа пронајдени телата на три женски лица, а вчера во близина на несреќата беше пронајдено и безживотното тело на исчезнатото машко лице А.А.
Загинаа трите женски лица Н.А. (23), В.А. (25) и З.А. (59) сите од село Грчец, Скопско.