
Рано утрово, тројца жители на скопската населба Кисела Вода, кои според иницијалите се членови на едно семејство, биле уапсени поради агресивно однесување кон полицајци. Меѓу оние кои завршиле во полициска станица е и 16-годишно момче, соопшти МВР.
На 08.01.2026 во 02:45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа 53-годишната В.Ц., С.Ц.(45) и 16-годишник, сите од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен,

Македонски




