Skip to main content

Се запали глисер во Охридско Езеро

Денеска (10.08.2025) во 11:22 часот, во СВР Охрид и езерската полиција, пријавено е дека во пловен објект глисер, укотвен во водите на Охридското Езеро, на плажите помеѓу населбата и автокампот Елешец на околу 30 метри од брегот, настанал пожар.

Повредени лица нема, а во гасењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид и езерската полиција.

Од преземените мерки, констатирано е дека, глисерот бил регистриран и бил во сопственост на З.Д.(64) од Тетово. Поради предизвикани оштетувања на коритото, глисерот потонал на длабочина од околу три метри, а од пожарот, оштетени се и два други соседни глисери.

Поврзани вести