Skip to main content

Расчистено убиството пред угостителски објект во Струмица, поднесена кривична пријава

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Х.(18) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и против В.Т.(22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „убиство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 27.10.2024 пред угостителски објект во Струмица, второпријавениот физички ги нападнал Р.Д.(21), А.Н.(19) и С.Д.(21), сите од Радовиш, додека првопријавениот со остар предмет му нанел повреди на Ѓ.Ѓ., од кои починал.

Поврзани вести