Skip to main content

Приведено лице од Битола за издржување казна затвор од пет години

На 28.05.2025 во 10.00 часот на ул. „Коста Абрашевиќ“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.Р.(42) од Битола. Тој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во траење од пет години за извршени кривични дела по член 215 од КЗ. Лицето е спроведено во Казнено- поправниот дом  „Затвор Прилеп“.