
Вчера во 16.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на ул.„Анри Барбис“ во Скопје патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(66) од Скопје, удрило во пешакот Ц.В.(89) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.В., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.