Осумдесет и петгодишен маж е тешко повреден откако бил прегазен во струмичкото село Муртино од „ситроен“.
„На 28.11.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Муртино, Струмичко, патничко возило „ситроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(23) од село Банско, Струмичко, удрило во пешакот М.З.(85) од село Муртино, Струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица“, информираат од МВР.