Skip to main content

Пожар во Долно Дупени, два ер трактори тргнаа да го гасат

Принтскрин од видео

Попладнево изби пожар кај ресенското село Д. Дупени, во близина на Преспанско езеро, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Пожарникарите од ТППЕ Ресен успеаја да ги спасат викендиците и куќите од селото, огнот се движи кон непристапен терен. Два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување полетаа а поради температурни ограничувања во 16.30 ќе полета и еден полициски хеликоптер, изјави Ангелов.

Според Ангелов, нема опасност по куќите од селото и околните викендици.

Поврзани вести