Skip to main content

Повредени четворица малолетници и 21-годишник, со „алфа-ромео“ излетале од патот Ржаничино – Таор

Со повреди се здобиле четворица малолетници и 21-годишно момче, откако возило излетало од патот Ржаничино – Таор на скопската територија, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното денеска во еден часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, на локалниот пат Ржаничино – Таор, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од скопското село Орешани, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата, со повреди се здобиле возачот, двајца сопатници и една сопатничка на возраст од 17-години и 21-годишниот сопатник Б.Г., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, појаснија од МВР.

Поврзани вести