Skip to main content

Пијан возач нападнал полицаец кај рампа „Маџари“

Дваесет и осумгодишен жител на село Јурумлери е лишен од слобода откако физички нападнал полициски службеник при вршење службено дејствие, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил на 22 февруари 2026 година во 01:20 часот во Скопје, во близина на рампа „Маџари“, кога полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го сопреле Т.Б.(28) додека управувал патничко возило.

Според информацијата, по запирањето тој физички нападнал полициски службеник и му упатувал закани. По извршеното алкотестирање било утврдено дека имал 1,64 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани вести