Skip to main content

Обвинителството ги проверува наводите на Жан Митрев дека Филипче и Заев го принудувале да им ги продаде сопственичките удели во клиниката

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје соопшти дека ги проверува наводите што докторот Жан Митрев и сопственик на истоимената приватна клиника неодамна ги изнесе во телевизиско интервју – дека поранешниот премиер Зоран Заев и ексминистерот за здравство Венко Филипче се обиделе да го принудат да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката.

Предметот кој го води скопското обвинителство е оформен по допрен глас на 21 јануари.

Во предметот се вршат проверки со цел да се испита евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, информираат од Обвинителството.

Во интерву за ТВ Алфа емитувано пред десетина дена, доктор Жан Митрев потврди дека кај експремиерот Зоран Заев и поранешниот министер за здравство и актуелен лидер на СДСМ, Венко Филипче, постоело заинтересираност за купување на сопственички удели во приватната клиника.

Филипче ги отфрли ваквите наводи како неосновани и јавно го повика Жан Митрев да постапи институционално.

Поврзани вести