Skip to main content

Малтретираното девојче во Ѓорче Петров не било единствена жртва на групата насилнички

Во врска со случајот на врсничко насилство во Ѓорче Петров каде околу десетина девојчиња од основно училиште тепале, малтретирале и понижувале нивна соочуеничка порталот 24инфо.мк во разговор со роднини на деца кои учат во истото училиште дознаваат дека 12-годишното девојче малтреирано во паркот не било единствената жртва на оваа насилничка група, но истата била најмногу малтретирана.

Девојчето кое на 30 март било злоставувано во паркот во Ѓорче Петров и неколку денови претходно било тепано, кубено и фрлано на земја и сето тоа било снимано со мобилни телефони а видеата циркулирале меѓу учениците. Порталот пренесе дека добил дел од таквите видеа, но поради сензитивноста, одлучиле истите јавно да не ги објават.

Дополнително, вработени во училиштето кои сакале да останат анонимни за 24инфо.мк посведочиле дека групата претходно малтретирала и други девојчиња во училиштето.

Групата од насилнички цел месец по злоставувањето и натаму оди во училиште и се однесува безобразно и силеџиски без грам срам или каење, изјавиле вработени во училиштето за порталот.

Поврзани вести