
„Република“ од неофицијални извори дознава дека Финансиска полиција уапсила едно лице кое е поврзано со предметот со ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп. Станува збор за проневера во износ од неколку милиони денари.
Минатиот месец претреси се вршеа на неколку локации, во болницата, но и во домови. Се проверуваа сомнителни јавни набавки направени во Јавната здравствена установа.
Тогаш приведени лица немаше бидејќи се работеше за предистражна постапка.
Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција. По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази, истакнаа од ОЈО минатиот месец.