
Вчер во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 17-годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било приведено во полициска станица Битола и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.