Skip to main content

Две женски тепачки поради недоразбирања во сообраќајот

Во текот на вчерашниот ден во полиција биле пријавени два напади поради недоразбирање во сообраќајот меѓу женски возачи.

Прво, во 21.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(41) и М.Л.С.(52), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Во 21.35 часот во СВР Струмица, пак, К.С.(30) од Струмица пријавила дека околу 19.50 часот, во Струмица, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице.

Од полиција преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани вести