Skip to main content

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, соопшти МВР.

Според информациите од полицијата, на 18 февруари 2026 година, во семејниот дом во Битола каде што живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и неговата 16-годишна ќерка.

Следниот ден, на 19 февруари 2026 година, во Полициската станица Битола, за време на службен разговор, пријавениот оштетил дел од инвентарот и нападнал полициски службеници додека вршеле службени дејствија.

Поврзани вести