Skip to main content

Бил прегазен од автомобил додека обезбедувал место на сообраќајна незгода: Повреден полицаец во Мала Речица

Вчера во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Пирок-Тетово, во с.Мала Речица, патничко возило „бмв“ со косовски национални ознаки, управувано од А.С.(22) од Косово, удрило во полицискиот службеник С.А.(26) од с.Шипковица, тетовско, кој вршел обезбедување на место на сообраќајна незгода.

Притоа, со повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Клиничка болница Тетово.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Поврзани вести