
13-годишно дете од прилепското село Лажани вчераутро загинало во судир со мопед кој го возело една година постаро момче од истото село, соопшти МВР.
На 02.05.2025 година во 08:50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во селото Лажани се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мопеди, едниот марка „Бенели” а другиот марка „Пежо”, и двата без регистарски табличкии, управувани од 13-годишен и од 14- годишен малолетник, двајцата од село Лажани. Во несреќата од здобиените повреди починал 13-годишниот малолетник, а неговата смрт била констатирана од страна на лекар во Градската болница Прилеп, додека другиот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и не е во животозагрозувачка состојба“, велат од полицијата.
Увид извршиле надлежен обвинител и екипа од прилепската полиција, а телото на загинатото момче било предадено за обдукција.