
Во карбинското село Долни Балва почна градежната сезона, со пари од општинскиот буџет, но и општествено одговорни граѓани и фирми се реконструира улица од речиси еден километар. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов на денешната прес-конференција рече дека многу наскоро се очекува улицата да биде завршена, а активностите ќе продолжат и понатаму во повеќе населени места во општината.
-Денес сме во Долни Балван овде продолжуваме со активностите поврзани со изградба на улици, односно дореконструкција на онаа патна инфраструкра, која што ја започнавме во изминатиот период. Во текот на овој работен ден ќе се заврши со дел од асфалтирањето на оваа делница. Општина Карбинци започнува со асфалтерски активности, кои што ќе бидат одлика и во следниот период за повеќе улици во повеќе населени места, изјави Паунов.
Тој истакна дека во моментот во општината се работи на неколку локации и населени места, како улици и градинка. Инаку, за денешната инвестиција од општината се издвоени околу 750 000 денари.