Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и е смешно дека ги зголемуваме цените на грозјето зашто ни субвенции не исплаќаше 

nacho-dominguez-argenta-on-unspalsh
nacho-dominguez-argenta-on-unspalsh

Методологијата не беше донесена од страна на СДС, Владата и ресорното Министерство ја донесоа веднаш по доаѓањето на власта и преземањето  на раководството на МЗШВ. Благодарение на методологијата, се распиша јавен повик и минатата и оваа година на која конкурираше Земјоделски институт и ја пресмета производствената цена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На СДС им е смешно кога работиме за земјоделците и зголемуваме цени на субвенции и откуп.

Кога СДС беше на власт, немаше субвенции за земјоделците, продуктите завршуваа на буниште, а земјоделците се откажуваа од работата и нивите зјаеја празни“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

nacho-dominguez-argenta-on-unsplash

Оттаму додаваат дека сега имаме рекордна цена на најзастапените сорти на грозје, Вранец 21,3 денари, Смедеревка 18,9 денари по килограм.

Ова се должи благодарение на максималните напори во водостапнството. Оваа година очекуваме зголемено производство, над 100 милиони килограми.

Земјоделците се приоритет и тоа го докажуваме!“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести