Skip to main content

Стојаноски: Македонија лидер во регионот, патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

И ова може да биде вест во Република Македонија. Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

27,9% раст на патничкиот сообраќај – прво место меѓу земјите кои не се членки на ЕУ+, според ACI Europe. Меѓународниот аеродром Скопје е рангиран меѓу најбрзорастечките средни аеродроми во Европа, со раст од 28,6%. Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, истакнува Стојаноски.

Во текот на јули, охридскиот аеродром има раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година.

Овие бројки се потврда дека инвестициите во нови авиолинии, развојот на аеродромите и поддршката на туризмот носат конкретни резултати за македонската економија, истакна тој.

Поврзани вести