Skip to main content

НАСА планира да го продолжи договорот за вкрстени летови до Меѓународната вселенска станица

Американската вселенска агенција НАСА планира да го продолжи договорот со рускиот Роскосмос за вкрстени летови на екипажи до Меѓународната вселенска станица (МВС) за уште една година, односно година и пол, изјави денеска менаџерот на програмата на МВС во НАСА, Дана Вајгел.

„Обично, планираме активности за период од една до година и пол. Нашите мисии во рамките на програмата за вкрстени летови се координираат за тој период“, рече Вајгел на прес-конференција.

Генералниот директор на „Роскосмос“, Дмитриј Баканов, изјави во јули дека програмата за вкрстени летови на руски и американски астронаути на руски и американски вселенски летала ќе продолжи додека не заврши со работа Меѓународната вселенска станица.

Програмата им овозможува на американските астронаути да летаат со рускиот вселенски брод „Сојуз“, додека руските космонаути патуваат со американскиот вселенски брод „Спејс Екс“, со што се обезбедува континуирано присуство на двете земји на Меѓународната вселенска станица.

На состанокот одржан во јули во Манила, на маргините на самитот на АСЕАН, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, Марко Рубио, го поздравија обновувањето на соработката меѓу „Роскосмос“ и НАСА, како и развојот на меѓупарламентарните и културните врски. (МИА)

Поврзани вести