
Семафор е соборен во тешката сообраќајна несреќа што денеска се случи на крстосницата пред македонското Собрание, а во која учествуваа две возила. Еден од возчаите е повреден.
Несреќата во СВР Скопје била пријавена во 11.50, кога е пријавено дека на крстосницата од ул. „11 Октомври“ и ул. „Филип Втори“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(22) од Скопје и патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки.
Во незгодата, возачот на патничкото возило „голф“ со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош“.

Македонски


