Skip to main content

Отворен е повикот за „Жени претприемачи на 2026 во Западен Балкан“

Отворен е повикот за номинации за „Жени претприемачи на годината 2026 во Западен Балкан“, соопшти Сојузот на стопански комори (ССК).

Станува збор за иницијатива на „Regional Cooperation Council“, чија цел е да ги препознае и истакне најуспешните жени претприемачи во регионот, како и да придонесе за унапредување на женското претприемништво и економската еднаквост.

Овие признанија се јасен показател за квалитетот, иновативноста и лидерството што го носат жените претприемачи од нашата земја и претставуваат силна инспирација за нови успешни приказни. Ги охрабруваме сите заинтересирани жени претприемачи, компании и организации да аплицираат или дапредложат кандидатки кои со својата работа, резултати и визија придонесуваат за развојот на економијата и општеството. Ова е одлична можност за регионална видливост, вмрежување и дополнително афирмирање на вашиот бизнис“, велат од ССК.

За повеќе информации и детали за аплицирање, заинтересираните можат да прочитаат на https://www.rcc.int/pages/169/western-balkans-women-entrepreneurs-of-the-year-2022.

Поврзани вести