Skip to main content

Нојер петти пат прима пет голови

 Баерн синоќа загуби со 5:4 од ПСЖ во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Мануел Ноер беше на голот за тимот од Минхен. Тоа беше петтиот натпревар во неговата кариера во кој прими пет гола.

Четириесетгодишниот Германец прими пет гола три пати во дресот на Баерн и двапати како голман на Шалке. Освен натпреварот против ПСЖ, Баерн двапати загуби со 5:1 од Ајнтрахт Франкфурт, додека Ноер и тимот од Гелзенкирхен претрпеа порази од Кајзерслаутерн (5:0) и Вердер Бремен (5:1). 

Воедно, Баерн прими пет гола во европските натпреварувања за прв пат од 1995 година. Последниот пат ова се случи во сезоната 1994/95, во поразот од Ајакс на гости со 5:2 во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Баерн ќе се игра во Минхен следната недела, на 6 мај. Победникот од овој натпревар ќе се пласира во финалето, каде што ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Арсенал.