![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot_4-3.jpg)
Бехтел ЕНКА го отвори сопственото училиште за безбедност при работа во кампот во село Врапчиште. Овој центар за обука има за цел да ја зголеми испораката на нашата образовна програма за безбедност, која е вградена во основните политики и процедури на компанијата.
Бехтел ЕНКА во својата култура на грижа за вработените и заедницата каде работи секогаш се труди да помогне кога е повикана од соседите. Во периодите кога природните катастофи ја погодија земјата, како минатото лето со шумските пожари низ целата територија или обилните снежни врнежи во текот на декември и јануари, или пак во последните денови пожарот на депонијата во Прилеп, нашата компанија постајно ја става безбедноста на прво место. Овој центар за обука во областа на безбедноста при работа е од клично значење за нашата компанија, бидејќи очекуваме нашиот тим значително да се зголеми во почетокот на 2025 година според дополнителниот пристап до земјиштето пласиран од Владата, велат од компанијата.
Тие посочуваат дека на терен, безбедноста е нивни приоритет и целата работна сила што работи на проектот го користи нивниот ткн. „Безбедносен автобус“.
![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot_5-3.jpg)
Обиколувајќи ги сите наши работни фронотви, сите наши работници се обучуваат на лице место за сите суштински барања за безбедност и здравје што треба да ги почитуваат при извршувањето на нивните секојдневни задачи. Како пример, минатата сабота беше одржана обука за занаетчиски вештини во близина на Гостивар за сите вработени во одделот за одвноднување. На оваа сесија организирана од нашиот „Безбедносен автобус“ беа презентирани следниве теми:
1.Вовед во инсталација на одводнување
2.Предлиење на шахти и долови
3.Видови на опрема што се користи за време на работа
4. Транспорт на цевки и шахти
5. Кревање со помош на кран
6. Ископување
7. ЈНА / Проценка на ризик
8. Добри практики / лоши практики на употреба на скалила
9. Важност на тврда барикада / сигнализација околу ископните ровови
10. Важноста на капачињата на арматурата за испакнати челични шипки за арматура
11. Рачни алатки и електрични алати – Мерки за опасност и конрола, велат оттаму.
![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot_6-2.jpg)
Џејсон Борен, менаџерот на Бехтел ЕНКА за животна средина, безбедност и здравје ја сумираше филзофијата на копанијата: Образованието е основата на нашата безбедносна култура на проектот. За да се исполни усогласеноста со македонските закони и безбедносните барања на проектот, работниците прво мора да ги разберат очекувањата и како да ги исполнат тие очекувања. Нашиот безбедносен автобус е мобилна училница за нашите вработени.