Skip to main content

Објавена листата на фирми на кои ќе им бидат одземени лиценците

 Mинистерството за транспорт ја објави листата на правни лица за кои се води постапка за одземање на лиценцата во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање. Како што информираа оттаму, во тек е обемна контрола на издадените лиценци, а во постапка на одземање се 479.

Од досегашните контроли на над 3 100 лиценци се констатира дека кај 479, по нивното издавање, правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои ги добиле лиценците и поради тоа се ќе се донесат решенија за нивно одземање. Ќе им се одземе на 73 правни лица лиценца А за изведувач на градби од прва категорија, на 228 правни лица лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија, на 9 правни лица лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија, на 32 правни лица лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија, на 32 правни лица лиценца А за проектирање на градби од прва категорија, на 78 правни лица лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија, на 7 правни лица лиценца Б за ревизија на проектна документација на градби од втора категорија, на 3 правни лица лиценца А ревизија на проектна документација на градби од прва категорија, на 2 правни лица лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија, на 2 правни лица лиценца управител на градба, како и на 13 правни лица лиценца за изработка на урбанистички планови, наведува Министерството.

Целокупниот список ќе биде доставен до Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, ЗЕЛС и сите останати засегнати институции за понатамошни постапки.

Министерството најавува дека во следниот период ќе продолжи со контролите на издадени дозволи и лиценци согласно своите надлежности за да го осигура почитувањето на законските прописи и правниот поредок во државата, како и за да се овозможи рамноправност за сите правни лица.

Целосната листа на правните лица може да се види ТУКА

Поврзани вести